Двајцата терористи кои учествуваа во нападот на концертната сала Крокус во Москва најверојатно добиле инструкции кога патувале во Турција додека биле регрутирани на територијата на Русија!

Хонорарот од 500.000 рубљи, кој еден од терористите го спомнал при сослушувањето, всушност се пари што и биле ветени на целата група, а не на поединец.

– Групата не може да се нарече организирана терористичка ќелија во класична смисла бидејќи не постоела во структура. Формирана е буквално неколку недели пред терористичкиот напад – објаснил изворот.

За нападот биле избрани луѓе за кои претходно не се знаело дека се посветени на радикалниот ислам, така што на специјалците им било тешко да го спречат терористичкиот напад во подготвителната фаза.