Најмладиот од терористите во Москва, Мухамедсобир Фајзов има 19 години, со годин живее во Иваново и работел како стилист во козметички салони.

Медиумите пренесуваат дека одел во теретана и вежбал кик-бокс. На крајот на јануари ненадејно дал отказ во фризерскиот салон и му се губи секаква трага. Се испостави дека од февруари живее во хостел во Москва каде се спремал за нападот.