Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган денеска во Москва одржаа состанок во обид да најдат заеднички став за судирите на северозападот на Сирија.

Путин и Ердоган говороеа на отворањето на Меѓународниот саем на авионска инустрија МАКС во предградието на Москва, а подоцна ќе имаат приватен разговор за кој ќе објават заедничко соопштение, пренесува Франс прес.

Овој состанкок претходи пред самитот на 16 септември во Анкара, кога треба да се соберат главните светски играчи, кога станува збор за судирите во Сирија – Путин, Ердоган и претседателот на Иран, Хасан Рохани.

Судирите во северозападната ириска провинција Идлиб се закануваат да ги зголемат тензиите помеѓу Русија и Иран, кои го поддржуваат сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Турција, од друга страна, нуди поддршка на одредени бунтовнички групи.

Москва и Анкара минатата година потпишаа договор за прогласување зона на безбедност околу Идлиб, последната голема провинциј во Сирија која не е под контрола на државните сили, како би се избегнала голема воена интервенција.

Силите на Асад со месеци ја бомбардираат провинцијата, а на 8-ми август започнаа и копнена офанзива.

За Ердоган клучното прашање ќе биде заштитата на турската војска која е разместена во Идлиб.