Најмалку 60 лица загинаа, а 65 се повредени во експлозија на цистерна со нафта во Танзанија. Помеѓу повредените, кои се здобиле со тешки изгореници, се и оние кои после несреќата се обидувале да го собираат горивото од превртената цистерна, пренесува Ројтерс.

Експлозијата настанала откако цистерната се превртила во обид да избегне судар со мопед, на околи 200 километри западно од главниот град Дер Ел Салам.

Вакви слични инциденти во кои луѓе умираат во експлозии во обид да украдат гориво од цистерни не се ретка појава во источна Африка. На почетокот на мај месец во експлозија на превртена цистерна во Нигер настрадаа повеќе од 50 луѓе.