Најмалку 58 лица загинале, а уште 36 се во критична состојба откако се случила експлозија на цистерна со гориво во државата Нигер, Африка.

Се верува дека несреќата се случила откако цистерната се превртела и почнало од неа да истекува гориво, а во еден момент се насобрале многу луѓе кои се обидувале да го соберат, објавуваат властите од главниот град Нијамеј.

Многу луѓе загинале во слични несреќи во западна Африка, каде што сиромашните жители ги ризикуваат своите животи за да стигнат до гориво, кое протекува од нафтоводи или камиони.

Претседателот Махамаду Исуфу кој ги посети повредените, во болницата во изјава рекол дека експлозијата е „национална трагедија”.