Сирија и Ирак во понеделникот објавија повторно отворање на граничниот премин меѓу двете земји, чекор кон нормализирање на односите на Ирак со нејзиниот западен сосед и поттик за Иран, кој сега ќе има отворен коридор во Сирија.

Преминот Букамал беше затворен во 2012 година, откако сириските бунтовници кои се обидуваат да го соборат од власт претседателот Башар Асад, презедоа големи делови од источна Сирија. Областа беше место на судири меѓу курдските борци поддржани од САД и владините сириски сили и нивните сојузници кои ги поддржува Иран.

Каим и Букамал потоа беа под контрола на Исламска држава до 2017 година, кога сириската и ирачката војска ги ослободија овие места од екстремистите.

Поразот на Исламската држава во Сирија беше прогласен во март годинава.

Министерот за внатрешни работи на Сирија Мохамед Халед Рахмун вчера во придружба на сириски војници премина на ирачката страна од границата, каде војниците од двете земји се прегрнуваа и се сликаа. Многу Ирачани и Сиријци кои живеат во пограничните градови, исто така присуствуваа на свеченоста.