Владата на Шпанија денес прогласи вонредна состојба во земјата заради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро.
Со цел запирање на ширењето на новиот бран на Ковид-19, министерскиот совет на чело со премиерот Педро Санчез, одлучиле во земјата да се воведе втора вонредна состојба од почетокот на годината.
Првата вонредна состојба траеше од март до јуни, а според неофицијални информации, втората би можела да трае дури до април 2021 година.
Шпанија минатата недела стана првата земја во Европа и шеста во светот која регистрирала милион случаи на заразени со Ковид-19.
Comments are closed for this post.