Секој турист, кој ќе влезе во Венеција, на градот веќе ќе му плаќа такса од 2,5 до 10 евра. Со тие средства општината ќе го финансира реставрирањето, кое чини 30% поскапо, отколку во другите делови на Италија.

Новите мерки се усвоени во последната недела од годинава, како дел од буџетскиот закон.

Секој турист, кој во градот пристигнува со крузер, воз, автобус или со автомобил, ќе плаќа такса дури и ако не преспива во Венеција. Досега ваква такса плаќаа само туристите, кои преноќуваа во градот.

Така ќе ги заштедиме парите на самите венецијанци, зашто ќе ги покриеме трошоците, што ги имаме повеќе од било кој друг град, изјави градоначалникот Луиџи Брунаро.

За реставрирање на зграда или на споменик од каналите на градот се плаќа 30% повеќе од другите италијански општини. За чистење, Венеција плаќа повеќе дури и за 40 отсто.

Секоја година венеција ја посетуваат 24 милиони туристи, но само 10 милиони преноќуваат во неа.