Британскиот Брегзит создава нова геополитичка реалност во Европа, а со тоа се создаваат и ново-стари сојузи како одговор на новото време кое неминовно доаѓа. Така една средновековна конфедерација полека, но сигурно повторно оживува, а на која засега најжестоко одговори францускиот претседател Емануел Макрон.

Неговиот план за повеќе ЕУ, или одењето по стапките на Наполеон не им се допаѓаат на сите, а франко-германскиот модел на локомотива за влечење на Европа едноставно за нив не е прифатлив. Станува збор за обновување на Хансеатската лига на осум земји, а некои ја нарекуваат „Холандија и седумте џуџуња“, земјаќи ја предвид големината на економиите. Хансеатската лига 2.0 би била блок од Бенелукс, Нордиските и Балтичките земји и тие веќе го имаат подготвено теренот за да стартуваат по Брегзитот, без разлика дали тој би бил земјотрес или катаклизма. И ваков Брегизтот веќе удри по еврото и врз економиите на Франција и Германија.

Франција повторно деновиве испрати порака до Холандија по објвата за сојуз на помалите северноевропски економии, предупредувајќи дека сосоздавањето „затворени клубови“ може да доведе до внатрешни поделби во ЕУ и губење француска поддршка.

Бруно ле Маир, францускиот минстер за економија, на својот холандски колега Вопке Хоекстра, му рекол дека „не се чувствува комотно“ со таканречената Хансеатска лига. Париз верува дека создавање клуб во рамките на клуб може да и наштети на Унијата. За „Фајненшел тајмс“ тој изјави:„Замислете Франција да се обиде да создаде клуб на јужни држави со Португалија, Шпанија и Италија. Како на тоа би реагирале другите членки на ЕУ? Дали мислите дека тоа ќе биде позитивно? Дали тоа ќе ја подобри состојбата во Европа? Не се чувствувам комотно со идејата за содавање нови кругови, нови клубови, нови лиги во Европа. Ако сакате да создавате нови поделби меѓу северот и југот, меѓу западот и истокот, Франција никогаш нема да ја имате на ваша страна“.

Хансеатската лига се појави во 2017 година и меѓу осумте земји е и Ирска, нагласуваат бритнаските медиуми. Тие се договорија од потребата за поголема национална одговорност и поцврсти правила во еврозоната. Се противат и на француско-германската иницијатива како што беше планот за буџетот за еврозоната.

Иако многу експерти, па и од Холандија сметаат дека Лигата не може да биде замена за ЕУ, сепак, земјите летово отидоа многу чекори напред во создавањето на Блокот, пред се во нивниот заеднички пазар. Ле Маир, пак, истакнува дека „не е сигурен дека Хансеатската лига ќе биде во можност да се соочи со конкуренцијата на Кина или на САД“.

1000 години назад во историјата

Но, кога се живее во времиња на пресвртница, секогаш е добро да се погледаат историските искуства. Хансеатската лига беше формирана во 1100 година, како име земено од средновековониот германски Хансе, на повеќе градови и конфедерацијата беше создадена како трговска и одбранбена. Функционираше 350 години и во тоа време ја контролираше поморската трговија на Балтикот.

Новата Лига, е формирана како последица на Брегзитот. Станува збор за осум земји кои се залагаат за фер трговија и се со конзервативни фискални политики, „ФТ“ ќе истакне дека се тоа осум прекрасни земји кои не сакаат да бидат сомелени во француско-германските клешти.