Суд во Тексас донесе одлука дека клучен дел од Законот за здравствено осигурување, познат како Обамакер, е неуставен.

Судијата Рид О’Конор рече дека Законот, што Конгресот го усвои во 2017 година, избришал даночни казни кои поединци ги плаќале во случај да немаат здравствено осигурување.

Поради тоа, Обамакер е неуставен во целина, бидејќи тој елемент бил „клучен“, нагласи судијата.

Обамакер беше донесен во мандат на поранешниот претседател на САД, Барак Обама.

По ваквата одлука на тексашкиот суд, на твитер се огласи американскиот претседател, Доналд Трамп, кој напиша дека не е изненаден од таквата пресуда и го повика Конгресот да донесе нов закон што ќе им овозможи на американските граѓани квалитетна здравствена заштита.