Американскиот претседател Џо Бајден го поддржува холандскиот премиер Марк Руте да стане следниот генерален секретар на НАТО, изјави неименуван американски претставник за „Политико“.

Медиумот објави дека две третини од земјите на НАТО ја поддржуваат номинацијата на Руте да ја води Алијансата подоцна оваа година.

Неименуваниот американски функционер рече дека поддршката на Бајден за Руте веројатно ќе охрабри повеќе членки на НАТО да ја поддржат номинацијата на Руте по неколкумесечна конкуренција меѓу него и неколку други европски лидери за таа функција