Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека по заземањето на Авдеевка Русија се подготвува да го направи следниот чекор што значи напад на Киев.

 Авдејевка е уште еден чекор кон победата. Мислам дека ќе продолжиме да одиме напред со големи чекори до Киев – рече Кадиров

Кадиров нагласи дека неговите украински сили „пукале врз цивилите во Донбас“ од Авдеевка и дека е многу важно да се преземе контролата врз ова село, кое се наоѓа северно од Доњецк.

– Не е само Авдејевка! Беа окупирани и неколку други блиски села. Секој сантиметар земја што ја окупираме ни е неопходен, имајќи предвид дека има бандити, терористи и сатана. Ништо не им е свето, затоа мора да бидат уништени. Тие бандити, удираат цивили! Врховниот командант не ни дава „зелено светло“ да ја извршиме специјалната воена операција со полна сила. Но, тоа се должи на фактот дека цивилите постојат вака, а ние ги штитиме цивилите – откри Кадиров.