Поранешниот британски премиер Борис Џонсон побарал од американскиот новинар Такер Карлсон милион долари за интервју во кое ќе ја разјасни својата позиција за конфликтот во Украина.

– Борис Џонсон ме нарече „оружје на Кремљ“ или нешто слично. Испратив барање за интервју со Борис Џонсон. Еден од неговите советници ми одговори: „Ќе разговара со тебе, но тоа ќе чини милион долари. Тој сака милион американски долари во злато или биткоини.  – изјави Карлсон.

Тој објасни дека Џонсон само се согласил да разговара со него за Украина под такви услови и да ја објасни својата позиција.

– Ме напаѓа без да објасни зошто грешам и зошто е во право. А тоа го прави човек кој на барање на американската влада спречи мировен договор во Украина пред една и пол година и кој верувам дека е одговорен за смртта на стотици илјади луѓе. И ништо од тоа нема да ми објасни во интервјуто додека не му платам милион долари .