Разговорите на иранскиот, рускиот и турскиот претседател, Хасан Рохани, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган ќе придонесат дипломатијата да ја надвладее воената акција, оценува агенцијата Асошиејтет Прес.

„Од самитот во Техеран може да произлезе мир и помирување во Сирија или може да го продлабочи хасот настанат од насилството кое го предизвика Асадовиот режим“, смета советникот на Ердоган, Иљнур Чевик.

Во северозападната провинција Идлиб живеат околу три милиони цивили. Се претпоставува дека има околу 10.000 екстремисти, вклучувајќи борци на Ал Каида.

Русија и Иран сојузниците на сиријската влада, сметаат дека преземањето на контролата над Идлиб е од огромно значење за воена победа на Сирија.

Турција е земја во која прибежиште нашле околу 3.5 милиони сиријски бегалци и заради тоа ги затвори своите граници за нови бегалци, а формираше и контролна зона на северот од Сирија и има неколку стотици војници во Идлиб.

Анкара не сака да види уште една област под контрола на Курдите на нејзината граница, како што тоа е случај со нејзината граница на северот од Ирак, наведува американската агенција.