На вработен во француската компанија Dassault Aviation, која произведува борбени авиони Rafale, му е украдена торба со компјутери со доверливи податоци поврзани со националната одбрана, пишува весникот valeursactuelles.com.

Кражбата ја извршил еден од посетителите на ресторанот во предградието на Париз, Аргентеј.

Неколку пати го менувал местото за да заврши на бирото на вработен во една француска компанија.

Непознато лице тивко ја зело чантата што стоела пред нозете на вработениот, ја сокрило под палтото и брзо го напуштило ресторанот.Во чантата имало два компјутера и УСБ.