Руските безбедносни сили ликвидираа за време на антитерористичка операција во сибирскиот град Тјумен двајца терористи на Исламска држава (ИСИС), соопшти националниот антитерористички комитет на Русија.

„На барањето да го спуштат оружјето и да им се предадат на властите терористите отворија оган врз соработници на полицијата, по што беа неутрализирани во размената на оган“, се наведува во соопштението.

За време на оперативната истрага припадниците на руските безбедносни сили добиле информација дека во приватна куќа во Тјумен има вооружени милитанти на ИСИС.

Федералната служба за безбедност соопшти дека припадниците на ИСИС планирале да извршат терористички напади на места на масовни собири на луѓе.