Откако беше уапсен од страна на британските власти, Џулијан Асанж беше сместен во еден од најдобро обезбедените затвори во Лондон, Белмарш. Тој важи за еден од најдобро обезбедуваните затвори и е наречен „британски Гвантанамо“.

Условите во него се екстремно клаустрофобични, а надвор од ќелијата ќе минува само два часа. Ќе може и еднаш во неделата да користи теретана и библиотека. Во Белмарш, Асанж ќе ја чека пресудата дали ќе биде испорачан во САД поради откривање на доверливи документи во случајот „Викиликс“.