Нешто повеќе од 900 милиони гласачи во Индија ќе гласаат денеска во првиот дел од парламентарните избори кои заради нивната големина ќе се спроведат во седум фази се до 19 мај. Гласовите ќе се бројат на 23 мај, а резултатите веројатно ќе бидат објавени истиот ден.

Индија има парламентарен систем и партијата која ќе освои повеќе места во долниот дом ќе биде таа која ќе ја оформи владата. Ако ниедна партија не освои јасно мнозинство, ќе се формира коалиција.

Индијците ќе избираат членови на долниот дом на парламентот, а главните ривали се партијата на актуелниот премиер Нарендра Моди Бхарати и Индијскиот национален конгрес. Најважните теми на кои партиите се осврнаа за време на кампањата беа работните места, безбедност и земјоделието.

Моди се надева дека неговата партија ќе го освои вториот петгодишен мандат, но анкетите покажуваат дека можеби и нема да биде така лесно.

Политиката во Индија историски била во рацете на мажите

Се проценува дека партијата на Моди ќе освои 273 парламентарни места, што е за едно место повеќе од потребното за управување. Долниот дом има 543 места и на секоја партија или коалиција и се потребни минимално 272 пратеници за формирање влада.

Заради големината на земјата самите избори во Индија се огромен логистички предизвик, бидејќи не е лесно да се донесат стотина милиони луѓе на гласање. Ќе излезат повеќе од 900 милиони гласачи, што е скоро три пати повеќе од популацијата на САД. Со право на глас, како и во поголемиот дел од земјите, се стекнуваат со полни 18 години.

Интересно е дека индиските гласачи имаат завет, кој е поставен пред избирачките места, а во кој се наведува дека граѓаните ќе ги поддржат „демократските традиции на земјата, достоинството на слободни, правични и мирни избори“, како и дека без страв или надворешни влијанија ќе гласаат на секој избори.