Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Глазгов во саботата како дел од маршот за независност на Шкотска. Настанот е еден од низата кои се планираат низ земјата помеѓу мај и октомври, а со кои се изразува поддршка за напуштање на Обединетото Кралство.

Повикувајќи се на локалната полиција, БиБиСи јави дека на улиците на Глазгов излегле да маршираат околу 35 илјади луѓе, под слоганот „Сите под едно знаме“.

Според организаторот на собирот Нил Мекеј, маршот не е од политичка природа.

Тука се работи за морален став и овој марш е отворен за секој кој сака независна Шкотска, било да се Шкоти или не“, изјавил Мекеј.

Шкотската премиерка Никола Старџен, минатата недела на конгресот на нејзината партија најави дека Шкотската национална партија во месец мај ќе го претстави нацрт Законот за нов референдум за отцепување од Велика Британија.

„Шкотска мора да стане независна држава. На референдумот ќе гласаме да стекнеме суверенитет во однос на Лондон. Дојде време Шкотска да биде независна. Шкотска мора да ја има можноста самата да одлучи за независна иднина“ изјави Старџон на конгресот во Единбург.

Таа посебно нагласи дека пред идното гласање за независноста нема да биде повторена кампањата како таа во 2014, за и против излегувањето, притоа истакнувајќи дека „Велика Британија повеќе не постои во оној вид во кој постоеше во 2014 година“.

Премиерка Николa Старџон најави независност на Шкотска и нов референдум

Старџон е уверена дека Шкотланѓаните на новиот референдум ќе гласаат за независност доколку претходно на граѓаните им се покаже дека нивната земја може да биде „економски моќна и самостојна држава“.

За независна Шкотска најдобро ќе биде да стане членка на Европската унија, истакнува премиерката и додава дека воедно тоа ќе биде гласање за останување во ЕУ од кој Лондон ќе истапи.

На референдумот одржан во 2014 за останување со Велика Британија, 55 отсто од Шкотите излегоа да се изјаснат, а 45 отсто беа против, односно за независна Шкотска.