Во времето на папата Франциск, прв пат по 13 век се случува да има уште еден жив папа. Тоа е Бенедикт 16 кој реши да се повлече од функцијата. Па сега тие живеат блиску еден до друг во Ватикан. Франциск често го посетува Бенедикт и се советува кога има некаков проблем

Бенедикт сега има 92 години е роден како Јозеф Рацингер бил противник на идеите за жени-свештеници, на хомосексуалците на употребата на контрaцепција и на комунизмот. Тој бил еден од противниците на зачленувањето на Турција во ЕУ.

Контроверзниот  дел од неговата биографија го опфаќа периодот кога  бил член на Хитлеровата младина, подмладок на Национал-социјалистичката германска работничка партија

Рацингер, кој важи за припадник на конзервативното крило на Католичката црква, во октомври 2004 година изјавил дека Црквата треба да остане „подалеку од народните маси, бидејќи колку што им е поблизу, станува сè поповршна“