Шефот на турската дипломатија Мавлут Чавушоглу изјави дека израелските сили ја гаѓале зградата во Газа во која се наоѓаат просториите на новинската агенција Анадолија, оценувајќи дека станува збор за злосторство против човештвото.

Милитанти во саботата наутро испалија десетици ракети кон Израел, по што следеа бран напади од израелските воздушни сили на Газа.

Израелската војска гаѓала 70 терористички мети на територијата на Газа и уништила тунел на терористите, 20 метри под земја, кои го ископале припадниците на организацијата „Палестински исламски џихад“.

Палестинските милитанти испалиле повеќе од 200 ракети на јужен Израел, јавува БиБиСи.

Тројца израелци се ранети во ракетниот напад, а загинале и тројца палестинци, наводно меѓу нив и мајка и нејзиното бебе, изјавуваат официјални лица од Газа.