Планираната посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Германија беше причина синоќа во повеќе германски градови да се одржат протести, јави ДПА.

Полицијата проценува дека неколку стотици луѓе учествувале во протестот во германскиот главен град Берлин. Демонстрантите држеа транспаренти со натписи „Ердоган не е добредојден”.

Митинзите беа организирани од коалиција организации против турскиот претседател, вклучувајќи го и курдското здружение.

Во неколку германски градови по улиците се одржаа протестни маршеви на кои имаше од 80 до 200 луѓе.

За петок и сабота се планирани неколку големи протести во Берлин и Келн против посетата на Ердоган. Се очекува дека ќе бидат присутни околу 10.000 луѓе.

Турскиот претседател во Берлин ќе пристигне в четврток, а в саботата заминува за Келн