Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин ја истакна решеноста на неговата Влада да не се откаже од потрагата по речиси 20 јужнокорејски државјани кои се уште се водат како исчезнати, откако нивниот брод потона во Будимпешта минатата недела.

Владата до крај ќе вложува максимални напори, мобилизирајќи ги сите дипломатски канали и човечки и материјални средства – изјави Мун и им изрази сочувство на семејствата на жртвите.

Корејскиот претседател изрази загриженост поради тоа што спасувачката операција напредува бавно поради неповолните временски услови.

Бродот на кој имало 33 јужнокорејски туристи потона минатата недела по судир со голем туристички брод. Во несреќата загинаа седум луѓе, а 19 се уште се водат како исчезнати.