Партијата на Зелените во Германија за прв пат е на врвот во анкетите претекнувајќи ја и ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел.

Во анкетата спроведена на барање на РТЛ и н-ТВ мрежата, објавена денес од Форса институтот, Зелените бележат цели 9 проценти напредок споредено со резултатот постигнат на европските избори. За Зелените во моментов би гласале 27 проценти, а на втора место се христијанските демократи на Меркел, додека социјалдемократите (СПД) продолжуваат да тонат и се само на еден процент разлика од ултрадесничарите АФД, СПД има подршка од 12 проценти а АФД 11.

Германски аналитичари сметаат дека на долги патеки Зелените многу веројатно дека ќе станат втора по силина партија, зад ЦДУ, додека СПД го губи статусот втора партија по јачина.