Ирачкиот суд осуди на смрт двајца Французи откако утврди дека биле припадници на Исламска држава, изјави ирачки обвинител.

Имаше доволно докази за смртната казна. Двајцата се борци на терористичката Исламска држава – изјави обвинителот за странските агенции, барајќи анонимност.

Во Ирак се водат постапки против илјадници лица осомничени дека припаѓаат на ИД, вклучувајќи и стотици странци.