Португалската полиција заплени повеќе од еден тон кокаин во вредност од околу 49 милиони долари. Седум лица се уапсени рацијата на бразилски рибарски брод на отворено море во близина на Португалија со поддршка на поголем број меѓународни агенции, соопштија португалските власти.

Полицијата на бродот пронашла 50 вреќи со кокаин наменет за пазарот во континентална Европа, во посебно дизајниран и тешко пристапен дел на бродот – се наведува во соопштението на полицијата.

Сите уапсени биле странски државјани на возраст од 36 до 64 години.

Акцијата под шифра „Бел песок“ почнала откако биле разменети информации помеѓу португалските и бразилските власти, а била помогната од американската Управа за борба против наркотици (ДЕА) и британската Национална агенција за криминал (НЦА).