Според извештај на американската Шеста флота, руски „Сухој“ вчера најмалку три пати пресретнал американски авион „Посејдон П-8А“ над Средоземното Море.

Американската флота наведува и дека едно од тие пресретнувања било „небезбедно“ и оти Русите ја ставиле во голем ризик посадата на американскиот воен авион.

Според Шестата флота „американскиот воен авион летал во меѓународен воздушен простор, почитувајќи го меѓународното право и не ја провоцирал руската страна“.

Русија се уште не издала никакво соопштение за настанот.