Зголемена е испораката на руска нафта во САД откако во јануари официјален Вашингтон воведе санкции за венецуелските нафтени компании. Таквата американска одлука целосно ја сопре доставата на нафта од Венецуеала.
Во првите пет месеци од годинава, САД увезле пет милиони барели сибирска нафта од типот „Јуралс“. Како споредба, за цела 2018 година САД увезле 7,5 милиони барели таква нафта, а во 2017 година само 1,58 милиони барели.
Зголемената достава на нафта од Русија во САД се резултат на двојното намалување на производството на нафта во Венецуела. Државата лани во мај произвела 1,33 милиони барели нафта, а годинава во март само 744 илјади барели.
Намалувањето на производството на венецуеалска нафта е поврзано со санкциите неметнати од САД кон државната нафтена компанијај „ПДСВА“ и нејзината американска филијала „Цитго Петролеум“. Услов за укинување на санкциите е заминување на актуелнот претседател Николас Мадуро и распишување нови избори.
По стапувањето во сила на санкциите, извозот на „ПДСВА“ се намалил за 40 отсто, а до тој момент, САД беа најголемиот купувач на венецуелскиот минерален ресурс.
Доставките на нафта од Русија нагло се зголемија годинава во март. Според „Каракас Капитал Маркетс“, консултантса куќа од Венецуела со канцеларии во Њујорк, Мајами и Лондон, толку многу руска нафта во САД се продавала само во 2011 година.
Иронично, но Русите имаат полза од колапсот во Венецуела. При нивното снабдување со нафта, САД заменија една непријателска и санкционирана земја со друга непријателска и санкционирана земја – изјавија од „Каракас Капитал Маркетс“.
Comments are closed for this post.