Во текот на 2018 година година, Германија потрошил рекордни 23 милијарди евра за интеграција на милионите бегалци во државата и за борба со причините, што ја предизвикуваат миграцијата во странство, информира Ројетрс, објавувајќи извештај од германското Министерство за финансии.

Ова претставува пораст од 11 % во однос на потрошените 20,8 милијарди во 2017 година. Според информацијата, германската влада треба да го разгледа извештајот на утрешната седница.

Канцеларката Ангела Меркел многупати ја бранеше својата одлука од 2015 година да ги остави отворени германските граници за стотиците илјади бегалци, главно од муслимански држави, како хуманитарно неопходна. Но, потоа вети дека ќе го спречи повторувањето на таква масовна миграција преку соравување со причините за неа.

Германската влада во 2018 година потрошила 7,9 милијарди евра за мерки насочени кон задржување на мигрантите надвор од Европската унија и за подобрување на условите за живот во нивните матичми држави.