Огранок на Исламската Држава собрал околу 5.000 екстремисти во северен Авганистан, на границата со поранешните советски републики од Централна Азија, предупреди директорот на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), Александар Бортников.

Бортников соопшти дека меѓу регрутираните борци на ИД има многумина кои се бореле во Сирија.

Особено загрижува повторното распоредување терористички групи во северните авганистански провинции – изјави Бортников пред началниците на поранешните советски разузнавачки служби во Душанбе.