Официјална Москва соопшти дека не знаат од каде американскиот претседател Доналд Трамп добил идеја дека Москва повлекла поголем број од своите воени експерти од Венецуела и наведе дека тие и натаму таму работат.
Ваквата реакција на Русија доаѓа откако Трамп на твитер вчера објави дека руската Влада ги информирале САД оти повлекла најголем дел од своите луѓе од Венецуела.
Russia has informed us that they have removed most of their people from Venezuela.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) June 3, 2019
Според американски медиуми, не е јасно како Кремљ ги пренел информациите до САД или кој персонал го отстраниле од Венецуела, каде што администрацијата на Трамп се обидува да го собори претседателот Николас Мадуро и неговиот режим.
„Волстрит џурнал“ во неделата објави дека рускиот државен конгломерат „Ростек“ постепено го намалил својот персонал во Венецуела и тој сега брои десетици луѓе во однос на околу 1.000 колку што претходно работеле таму.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков изјави дека Москва не разговарала со Трамп на таа тема.
Тој рече дека Трамп очигледно добил информации од новинарските извештаи, кои руските власти веќе ги негираа или, пак, од некои други.
Таму се (руски) специјалисти кои го сервисираат хардверот, кој беше претходно испорачан и тој процес оди според планот – изјави Песков.
Comments are closed for this post.