Новиот претседтаел на Украина, Володимир Зеленски, побрара од Европската Унија да го интензивира притисокот врз Русија со цел да се стави крај на судирот во Источна Украина. Притоа, како главна мотивација за таквото барање, Зеленски ја наведе судбината на децата жртви на тој судир.

Поранешениот 41-годишен комичар, го одбра Брисел, каде што се седиштата на ЕУ и НАТО, за своја прва официјална посета по изборот за украински претседател. Таму тој се сретна со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, по што има средба и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На сребата со Јункер, Зеленски се заложил за судбината на децата жртви на судирот меѓу украинските безбедносни сили и проруските бунтовници на истокот од земјата, каде што од 2014 година до сега загинаа околу 13 илјади луѓе.

Не престанувам да мислам на стотиците деца што загинаа од огнено оружје на истокот на Украина. По повод Меѓународниот ден на децата сакал да ја потсети ЕУ за децата што се наоѓаат на истокот на Украина и сакам да ја повикам Русија да стави крај на војната за да се спасат животи. Меѓутоа, повиците не се доволни. Затоа моите разговори со европските челници ќе почнат со прашањата Како заедно да извршиме притисок кон агресорот? Како ќе го принудиме на мир? Сигурен сум дека заедно ќе најдеме решение. Можеби не денеска, но секако ќе најдеме. Имаме обврска да најдеме решение заради нашите деца – напиша Зеленски на фејсбук.

Прилетів до Брюсселя. Попереду – низка зустрічей на найвищому рівні. Але з голови не йде 5-річний Кирило. І ще сотні…

Posted by Володимир Зеленський on Tuesday, June 4, 2019

Како што наведува украинскиот претседател, податоците на Обединетите нации покажуваат дека на истокот од Украина настрадале 147 деца, од кои 98 момчиња и 49 девојчиња. Во судирот се повредени 363 деца, а речиси 200 илјади се раселени.

ЕУ и НАТО ја поддржуваат Украина во врска со припојувањето на полуостровот Крим кон Русија и почетокот на конфликтот во источна Украина во 2014 година, но официјален Киев бара да се направи уште во унапредувањето на неопходните политички и економски реформи.