Имињата на 179 италијански лекари кои починаа од коронавирус се врежани во мермерна спомен плоча во италијанскиот град Дуно, северно од Милано.
Мермерниот споменикот откриен во неделата, се наоѓа во регионот на Ломбардија, што беше најмногу погоден од епидемијата во Италија.
Италија е првата земја надвор од Азија каде е откриен локален пренос на вирусот. Во последниве денови во Италија се забележува пораст на нови потврдени позитивни случаи, поголем од 10.000 дневно.
Денес е пријавен најголем број на нови инфекции во еден ден од почетокот на епидемијата. Во претходните 24 часа се регистрирани 11.705 новозаразени и 69 случаи со смртен исход.
Comments are closed for this post.