Во Белгија, баровите и рестораните од денес се затворени еден месец, а ноќниот полициски час ќе стапи на сила од вечерва.

Здравствените власти предупредуваат на можно „цунами“ на нови случаи на коронавирус во земјата.

Целта на новите мерки е да се ограничат социјалните интеракции со цел да се забави експоненцијалниот раст на инфекцијата во земјата со 11,5 милиони жители. Поради огромното зголемување на новите инфекции, неколку болници веќе мораа да ги одложат операциите што не се неопходни за да лекуваат случаи на ковид-19.

Навистина сме многу близу до цунами“, изјави министерот за здравство Френк Ванденбруке за телевизијата РТЛ.