Шефот на шведската агенција за јавно здравје Јохан Карлсон изјави дека пандемијата „Ковид-19“ нема да може да се запре само со вакцина, но дека значителните превентивни мерки ќе мора да останат на сила во догледно време.

Идната вакцина „веројатно ќе биде значајна алатка“, но не и алатка што претставува конечно решение за проблемот, изјави Карлсон, чија земја се одлучи за контроверзен модел според кој голем дел од општеството беше поштеден од рестриктивни анти-епидемиски мерки.

Според АП, шведската министерка за социјални работи, Лена Халенгрен, изјавила дека идната вакцина против Ковид-19 треба да ја примаат како приоритетни групи лица над 70 години, членови на ризични групи, како и медицински персонал и негуватели