Претставници на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо ќе се сретнат за првпат „лице-в-лице” следната недела во Осло со норвешко посредување.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и се заблагодари на норвешката Влада за отпочнување дијалог со претставниците на венецуелската опозиција и потврда на својата подготвеност за договор.

„И се заблагодарувам на Владата на Норвешка за нејзините напори за унапредување на дијалогот за мирот и стабилноста во Венецуела. Нашата делегација замина во Осло да работи на усогласување на сеопфатна агенда и потпишување добар договор”, напиша Мадуро на Твитер.

Министерството за надворешни работи на Норвешка вчера објави дека претставниците на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо донеле одлука да се сретнат во Осло.

Од средината на мај, владина комисија на Венецуела, предводена од министерот за телекомуникации Хорхе Родригез се наоѓа во Норвешка, како дел од напорите за изнаоѓање опции за приближување на односите со опозицијата. Гуаидо наведе дека контактите со Осло не е преговарање, туку обид да се воспостави дијалог, пишува весникот „Национал