Во повеќето членки на Европската унија денес се одржуваат избори за Европскиот парламент. Во неколку земји се очекува возбудлива и неизвесна трка. Затоа и се поставува прашањето – каква ќе изгеда ЕУ по овие избори и колку се силни традиционалните партии, а што ќе добијат ултрадесничарите.

Во Франција главното прашње е дали ќе победи претседателот Емануел Макрон, или најголемиот противник ултрадесничарката Марин ле Пен. Се очекува мртва трка. На изборите се вклучуваат и жолтите елеци заедно со уште три партии, но не се очекува да добијат пратеник.

И Германија си има свои тешки прашања. Првин дали социјалдемократите (СП) ќе опстојат како една од водечките политички сили, или ќе колабираат и ќе влезат во незивесна иднина. Се очекува добар резултат на ЦДУ/ЦСУ како и на Зелените, а сите очекуваат да ја видат моменталната сила и на ултрадесничари од Алтернатива за Германија (АФД).

Во Белгија се одржуваат во исто време и европски и парламентарни избори. Во водство, според анкетите, се социјалдемократите, иако се очекуваат различни резултати во Фландрија и во Валонија. Неминовно се наметнува и прашањето дали Белгија ќе остане светски рекордер во немање влада.

Британците се можеби со една нога надвор од ЕУ, но тие во четвртокот спроведоа европски избори. Резултатите, освен во северна Ирска, се очекуваат денес. Прашање е не кој ќе победи, туку колкава ќе биде победата на Најџел Фараж и неговата Партија Брегзит.

Погледите ќе бидат насочени и кон Унгарија. Партијата на премиерот Виктор Орбан – Фидеш, има 14 места во ЕП и таа игра значајна улога во блокот народни партии ЕПП. Но, таа партија е суспендирана од тоа друштво, а бидејќи се очекува ултрадесничарите да напредуваат, народњаците најверојатно ќе имаат поинаков приод кон Орбан по овие избори.

Има и други суспендирани  – социјалдемократите од Романија, како членка на политичкото семејство на Франс Тимерманс и групата СиД. Романија ќе спроведе референдум за смена на „политичките судии“ а во понеделник ќе се знае дали лидерот на романските социјалдемократи ќе оди во затвор заради корупција.

Битката во Полска меѓу сегашната влада на Партијата на правото и правдата и Европската коалиција во која се 12 партии. Во позадина, пак, е скандалот во католичката црква со сексуална злоупотреба опишана во еден документарен филм. Дали владејачката партија која ги брани националните позиции ќе остане доминантна сила е главното прашање.

Австрија ќе оди на избори по мега скандалот во владејачката коалција на канцеларот Себастијан Курц и неговиот помал владин партнер, кој остана без министри во кабинетот. Се очекува од тој скандал да профитира Курц, но и да се види колкава ќе биде штетета кај националистичката ФПО.

На југ се чини многу нешта се јасни, барем што се однесува до Италија, каде Лигата на Матео Салвини се очекува да добие најмногу пратеници. И да се види што може да направи Берлускони во политиката со своите 82 години.

Во Шпанија битката ќе ја водат социјалдемократите на премиерот Санчез и популистите од Вокс.

Во Грција, пак, се очекува победа на опозициската партија Нова демократија, но прашање е дали таа ќе биде толку изразена за да може Киријакос Мицотакис да повика на предвремни парламентарни избори.

Денес со европските избори многу работи се ставени на коцка во 28.членки на Унијата.