Четириесет години по револуцијата, Иран нема страв од “ослабената” Америка, рече високиот свештеник на почетокот на официјалните комеморации по повод 40 годишнината од Исламската револуција, што ја направи земјата постојан непријател на САД, пренесува Ројтерс.

Ајатолахот Ахмад Јанати, вториот старешина на Иран, го искористи својот говор за потсмев на раководството на американскиот претседател Доналд Трамп.

“Дури и многу од сојузниците на Америка повеќе не ги слушаат и не се плашат од нив”, рече Јанати покрај мавзолејот на ајатолахот Рухолах Хомеини, кој се врати од егзил во Франција за да ја предводи револуцијата пред 40 години.

“Америка сега не може да управува со сопствените работи”, рече Јанати во обраќањето на државната телевизија, додавајќи дека “таму луѓето се гладни, а моќта на Америка е во опаѓање”, без притоа да каже на што се заснова ваквото тврдење.

Иран претстави нова крстосувачка ракета

На одбележувањето на годишнината од Исламската револувија, Иран денеска претстави нова крстосувачка ракета со дострел од 1.300 километри, јави државната телевизија.

„Со дострел од над 1.300 километри, на оваа крстосувачка ракета и е потребно кусо време да биде подготвена и да може да лета на мала надморска висина“, изјави министерот за одбрана Амир Хатами.

Тој додаде дека новата ракета земја – земја, со име Ховеизех, е од видот крстосувачки ракети Соумар, произведени 2015 година.

Западните експерти тврдат дека Иран често своето оружје го претставува во подобро светло, иако постои загриженост поради балистичките ракети со голем дострел.