Ако Украинската православна црква откаже да се преименува, како што е предвидено со новото законодавство, тогаш тоа ќе го сторат властите во Киев.

Ова го изјави директорот на оделот за религиозни и етнички прашања при украинското Министерство за култура, Андреј Јарош, јавуваат РИА Новости.

Јарош додаде дека името на УПЦ треба да ја одразува нејзината припадност кон Руската православна црква. Тој потесети дека раководството на УПЦ има рок од три месеци за да го стори тоа.

Главниот збор беше кажан во Цариград

Кон крајот на минатата година во Украина стапи во сила закон, според кој, религиозните организации, чии седишта се наоѓаат во Русија, со должни во своето име да ја посочат и својата припадност. Тоа првенствено се однесува на УПЦ.

За да го смени името и за да подготви нов, изменет устав, законот и дава на црквата рок од четири месеци.

Од УПЦ изјавуваат дека нема да го променат името, а во активностите на власта гледаат знаци на насилство.