Високата претставничка на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изјави дека воена интервенција во Венецуела е неприфатлива за ЕУ.

Кризата во Венецуела има политички и институционални причини. Нејзиното решавање мора да биде политичко, како што мора да биде мирно и демократско. Тоа значи без воени интервенции, одвнатре или однадвор, и такво решение е прифатливо за нас – истакна Могерини за врема на конфернецијата на Советот за безбедоност на Обединети нации, посветени на соработката на ОН со регионалните и субрегионалните организации.

Могерини истакна дека меѓународната иницијатива може да помогне во изнаоѓање на мирен и демократски излез од кризата.

Поради тоа е формирана Меѓународна контакт група од европски и јужноамерикански држави, да помогне во создавање на услови за политички процес кој би довел до слободни и фер претседателски избори, во согласност со меѓународните стандарди и Уставот на Венецуела – смета Могерини.Венецуела денеска им нареди на американските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 часа откако претседателот Николас Мадуро го обвини претседателот на САД, Доналд Трамп за кибер саботажа која доведе до прекин во снабдувањето со  електрична енергија.

Ултиматум од 72 часа до американските дипломати

Во меѓувреме, Венецуела им нареди на американските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 72 часа откако претседателот Николас Мадуро ги обвини САД за кибер саботажа која доведе до прекин во снабдувањето со  електрична енергија.

Шефот на венецуелската дипломатија, Хорхе Ареаца, изјави дека американските дипломати мора да ја напуштат Венецуела во следните три дена, а во соопштението од Владата се наведува дека „нивното присуство на венецуелска територија претставува ризик за мирот, единството и стабилноста на земјата“.

Претходно, американскиот државниот секретар, Мајк Помпео, најави дека ќе биде повлечен целиот дипломатски персонал од Амбасада на САД во Каракас поради ескалација на кризата во Венецуела.

Одлуката е одраз на влошената состојба во Венецуела како и проценките дека присутноста на дипломатскиот персонал во Американската амбасада стана ограничување за политиката на САД – напиша Помпео на Твитер.

Помепо не презицира кога точно ќе биде повлечен персоналот од Амбасадата во Каракас.