Вашингтон ја сноси одговорноста за немањето струја во Венецуела, тврди претседателот на оваа држава Николас Мадуро.

Империјалистичката американска влада го наредила ваквиот напад кога увидоа дека досегашната тактика на повредување на Венецуела не вроди со плод“, рече Мадуро.

Државната енергетска компанија „Корполек“ соопшти дека до исклучувањето на струјата дошло по инцидент во хидриелектраната „Симон Боливар“. Мадуро за тој инцидент го окриви американскиот империјализам, додека Вашингтон отфрли било каква вмешаност.

Најмалку 20 од 23 држави во Венецуела останаа без струја од 7 март

Мадуро апелираше до своите поддржувачи „активно да реагираат“ на новите протести на опозицијата.

Апелирам на големо народно движење во Венецуела дека е време за активен отпор“, рече Мадуро во обраќањето до јавноста.

Властите во Венецуела приведоа двајца осомничени за обид за саботажа на електричната мреша. Опозицијата за денеска планира нови протети ширум земјата.