Големи делови од Венецуела се без електрична енергија по вчерашната хаварија на електродистрибутивната мрежа.

Претседателот на државата, Николас Мадуро, нареди училиштата, државните компании и служби да не работат, за да се олесни работата на тимовите вклучени во поправките на мрежата за дистрибуција на струја.

Погодени се 22 од 23 венецуелски сојузни држави, а без електрична енергија е и главниот град Каракас.

Во Каракас е хаос по улиците и во болниците. Сериозни проблеми има и во водоснабдувањето и телефонските врски. Прекин на работата има и во неколку венецуелски телевизии.

Владата на Венцуела ги обвини САД за хаваријата и нагласија дека Вешингтон спроведува „електрична војна“ против Каракас.