Присуството беше ограничено на околу 30 лица

Место митри – шлемови на првата миса во Нотр Дам по разорниот пожар (ВИДЕО)

16.06.2019 / 10:00


Само 30-тина верници со заштитни капи присуствуваа на мисата во катедралата Нотр Дам во Париз на саботната прва служба по пожарот кој уништи дел од импозантното средновековно издание.

Свештениците сакаа да покажат дека животот продолжува понатаму во катедралата додека донациите за нејзината обнова заглавија. Досега се исплатени девет отсто од ветените 850 милиони евра донации од милијардери, бизнис лидери и други, соопшти француската влада.

Мисата беше одржана во страничната капела, која беше недопрена од оганот на 15 април годинава. Присуството беше ограничено на околу 30 лица кои носеа шлемови. Свештениците во церемонијална бела облека не се разделија од зашитните капи за време на службата, не и надбискупот Мишел Опети кој рече дека водењето на мисата со кацига на глава е бизарна работа.

Надбискуп Мишел Опети одржа служба пред малиот број верници

Мисата беше пренесувана во живо на католичката телевизија КТО.

Во петокот францускиот министер за култура, Франк Ристер, рече дека катедралата се уште е во кревка состојба, особено во сводот. Во пожарот кој избувна во 850-години старата катедрала уништен е кровот и куполота од 19-от век.

Претседателот Емануел Макрон постави цел од пет години за обновување на катедралата, иако Риестер беше повнимателен.

“Претседателот беше во право да даде цел, амбиција, но очигледно, тоа што е важно на крајот е работата да биде завршена квалитетно. Тоа не значи дека работата ќе биде целосно завршена за точно пет години”, рече Ристер.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Свет

Орбан: Членството на Украина во ЕУ нема да се случи

пред 1 ден
Свет

Европскиот парламент и спрема интерпелација на Фон дер Лајен поради скандалот со вакцините

пред 2 дена
Свет

Украинците нападнале руски магацин за муниција

пред 3 дена
Свет

Зошто е важен Ормускиот теснец?

пред 4 дена
Свет

EУ сонува да изгради европски одбрамбен систем што ќе ја одвраќа секоја агресија

пред 1 нед.
Свет

Вклучувањето на САД во војната меѓу Израел и Иран ја спушти и цената на нафтата на светските берзи

пред 1 нед.
Свет

Трамп: Време е за мир!

пред 2 недели
Свет

Газа, Либан, Сирија, Јемен, Иран: Како е возможно Израел да се справува со толку фронтови?

пред 2 недели
Свет

Уништувач на бункери: Tрамп го нападна Иран со „бомба на сите бомби“

пред 2 недели
Свет

Израелска војска: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони

пред 2 недели