Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа изјави дека со лидерите на 16 германски држави е договорено, рестриктивните мерки против ширењето на коронавирусот да останат на сила до 20 декември, но со можност тие да се продоложат и во јануари.

„Бројот на заразени се уште е преголем“, им рече Меркел на новинарите.

Таа соопшти дека во Германија се воведува мерката за задолжително носење маски на отворено, особено на места каде има голема фреквенција на луѓе или во центарот на градовите.

Германија на 2 ноември воведе нов тнр. мек карантин со цел да се избори против вториот бран од коронавирусот, кој драматично се прошири низ цела Европа.

Според договорените мерки, на приватните собири во Германија ќе може да присуствуваат до најмногу пет лица, не сметајќи ги децата, додека за Божиќните празници ќе биде дозволено собирањето на најмногу 10 лица.