Францускиот претседател, Емануел Макрон, во говорот по повод стогодишнината на Меѓународната организација на трудот, од Женева порача дека светот се соочува со длабока криза и може да биде на работ на војна.

„Мислам дека хаосот е овде. И мислам дека е одговорност на нашата генерација да не чекаме нова војна, туку да го гледаме светот таков каков што е. Мислам дека денес сме на работ на војна ако не се грижиме. И таа војна е присутна во нашите демократии – тоа е длабоката криза низ која минуваме. Ако сакаме вистински напредок, ние треба да направиме некои сериозни заложби, рече Макрон.

Макрон повика на универзална социјална заштита и компензација за луѓето чии средства за живот се загрозени од технолошките и климатските промени.

Според него, нееднаквоста го фаворизира авторитаризмот.

„Гласачите велат: „Демократијата не нè штити од нееднаквоста, предизвикана од капитализмот, затоа да ги затвориме нашите граници, да изградиме ѕидови и да го напуштиме мултилатералниот пристап“, рече тој, очигледно критикувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп.