Главниот град на Баварија, Минхен вчера бил погоден од силно невреме проследено со врнежи од град кои на моменти биле со големина на топче за голф. Неколку лица биле повредени, а меѓу нив и едно седумгодишно дете. Големи штети се направени на кучите и на автомобилите на кои градот им кршел ветробрански стакла како од шега.

Поројни дождови се забележани во повеќе региони на јужна Германија, има поплавени места, а силниот ветер кршел дрвја, гранки, и носел покриви.

&


;

„Паѓаа од небото како куршуми“, го опиша хоророт еден човек кој рече дека градот бил во дијаметар од 6,5 сантиметри, колку топче за голф.

Вистински хаос настанал на автопатите во Баварија, затоа што од црните облаци, силниот ветар и градот видливоста била значително намалена.