Додека американскиот лидер Боинг се обидува да излезе од кризата по рушењето на два авиони од последниот „модел 737 Max“, неговиот европски конкурент Ербас успеа да добие масивен договор со Кина. Компанијата потпиша договор од десетици милијарди евра за испорака на 300 летала.

Договорот е постигнат за време на посетата на кинескиот претседател Си Џипинг на Европа.

Тој вклучува испорака на 290 авиони од серијата А320 и десет од А350. Официјални лица од Франција велат дека договорот ќе тежи околу 30 милијарди долари.

Повеќе од очекувањата, нарачката доаѓа по набавката на 300 Боинг авиони во 2017 година за време на состанокот меѓу претседателот Доналд Трамп и Си Џипинг.

Изминатите недели по инцидентот со „737 Max“, Кина беше меѓу првите држави кои ги забранија комерцијалните летови на овие авиони.

Прашани дали договорот со Ербас доаѓа по приземјувањето на Боинг, од Европската компанија коментираат дека „ова е долгорочно партнерство со нашите кинески партнери, кои со текот на времето се развиваат, знак на доверба”.

Во меѓувреме, минатата година, американскиот лидер, Боинг, го загуби првиот договор по катастрофата поврзана со моделот „737 Max“.

Тогаш, индонезиската компанија „Гаруда Индонезија“ соопшти дека ја откажува нарачката на 49 летала вредна 6 милијиарди долари. Според информациите од менаџментот, компанијата ја разгледува можноста од замена на нарачката со други Боинг модели.