Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун синоќа тргна од Пјонгјанг кон Владивосток на состанок со претседателот на Русија Владимир Путин.

Ким тргнал од железничката станица во Пјонгјанг со неговиот блиндиран воз, а со Путин ќе се сретнат на 25 април.

Државната агенција на Северна Кореја КЦНА потврди дека Ким со воз отпатувал во официјална посета на Руската Федерација.