Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го повика американскиот претседател Доналд Трамп да го посети Пјонгјанг преку писмо испртено во август, објави во понеделникот јужнокорејскиот весник повикувајќи се на дипломатски извори, пренесува Хина.
Писмото е второ кое Трамп го примил од Ким изминатиот месец во момент додека преговорите на двете земји за денуклеризацијата на Северна Кореја се во застој, а испратено е пред минатонеделните тестирања на севернокорејски ракети од краток домет.
Во второто писмо, кое е испратено до Трамп во третата седмица од август, Ким напишал дека е подготвен на нов самит со Трамп, вели извор за весникот Јоонганг Илбо, пренесува Хина.
Белата куќа, Стејт Департментот и севернокорејската мисија при ОН не одговараат на прашањата за потврда на информацијата.
Трамп и Ким се сретнаа три пати од јуни минатата година, но не е постигнат значаен напредок.
Comments are closed for this post.