Северна Кореја лансираше два неиентификувани проектили во море, соопштија вооружените сили на Јужна Кореја.

Јужнокорејски официјални лица велат дека проектилите се лансирани во вротникот утрото од севернокорејската провинција Јужен Пјонганкон кон водите на источниот брег.

Лансирањето се случува неколку часа откако Северна Кореја соопшти дека сака да се „врати на нуклеарната дипломатија со САД“ кон крајот на септември, доколку Вашингтон се појави на преговарачкото столче со нови и прифатливи предлози.